• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Продолжува доделувањето на стипендии и менторската поддршка за учениците Роми

Продолжува доделувањето на стипендии и менторската поддршка за учениците Роми

Скопје, 21 јуни 2018 (МИА) -  Ромскиот едукативен фонд (РЕФ) од Будимпешта и Министерството за образование и наука ќе продолжат да обезбедуваат финансиска стимулација и менторска поддршка за учениците од ромската етничка заедница во Република Македонија.

- Ова беше договорено на денешната средба помеѓу министерот за образование и наука, Арбер Адеми и претставниците на Ромскиот едукативен фонд кој десетина години е партнер на земјава и придонесува во зајакнувањето на процесот на интеграција на младите Роми во општеството, преку поддршка и помош во нивното образование и реализација на личните и професионални аспирации, соопшти МОН. 

Од Министерството информираат дека Адеми изразил задоволство од досегашниот придонес на РЕФ во креирањето и реализацијата на националните образовни политики на земјата, кој го оценил како исклучително висок и посакал да продолжат успесите и позитивните резултати од досегашната соработка.

Со поддршка од РЕФ досега се доделени над 5.000 стипендии на ученици Роми и ангажирани се околу илјади наставници ментори и тутори кои преку дополнителна настава им помагаат на учениците за полесно совладување на материјалот од наставните предмети. хс/дма/15:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...