Општина Гостивар: Пари на училиштата им се префрлаат, проблем е раководењето

Општина Гостивар: Пари на училиштата им се префрлаат, проблем е раководењето

Гостивар, 22 јуни 2018 (МИА) - Обвинувањата на директорите на училиштата кои вчера на прес-конференција се пожалија дека објектите им останеле без струја поради непрефлени пари, Општина Гостивар децидно ги отфрла нагласувајќи дека станува збор за недомаќинско работење.

Во демантот кој денеска е испратен до медиумите се наведува дека Општина Гостивар освен блок-дотациите на училиштата им префрла дополнителни средства од општинската каса на основните и средните училишта

- Од почетокот на мандатот на општинското раководство до денес на име блок-дотации за основни и средни училишта на Општина Гостивар ѝ се префрлени вкупно 275.930.033 денари, додека вкупните трошоци за оваа намена изнесуваат 280.330.703 денари. Тоа подразбира дека Општина Гостивар од основниот буџет за основни и средни училишта издвоила 5.136.945 денари, односно над 84.000 евра, се наведува во демантот.

Според општинарите, искажаните ставови на дирекотрите на прес-конференцијата вчера се неосновани и политички инстриурани.

- Вината за настанатата ситуација треба да ја бараат во нив, бидејќи тоа е последица на нивната неспособност и лошо менаџирање, карактеристика што ја следи политичкиот субјект кој тие го претставуваат, нагласуваат од општина Гостивар.

Освен за училиштата, од општинската каса се издвојуваат уште седум милиони денари за градинките и за други намени кои треба да бидат покриени од блок-дотации од централно ниво. згм/хс/ 13:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...