Конкурс за 20 стипендии за постдипломски студии на Сити колеџот во Солун

Конкурс за 20 стипендии за постдипломски студии на Сити колеџот во Солун

Скопје, 22 јуни 2018 (МИА) - Министерството за образование и наука информира дека е во тек конкурсот  за доделување 20 стипендии „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус на Извршната програма за бизнис и администрација на Сити колеџ - Меѓународен факултет во состав на Универзитетот Шефилд од Велика Британија, лоциран во Солун.

Стипендиите се за академската 2018/2019 година за насоките: маркетинг, општ менаџмент, финансии, менаџмент во логистика, менаџмент во здравство и менаџмент на човечки ресурси.

- Вредноста на една стипендија е 14.890 евра и ги покрива трошоците за уписнина. Половина од средствата, односно 7.445 евра, ги обезбедува Владата на Република Македонија – Министерство за образование и наука, а останатата половина Сити колеџот.  Патните трошоци, сместувањето и другите дневни трошоци се на товар на кандидатот, соопшти МОН.

Сите дополнителни информации за условите, критериумите и потребните документи за аплицирање се објавени во конкурсот кој МОН го објави на својата веб-страница.

Крајниот рок за аплицирање е 20 јули 2018 година. хс/дма/16:14

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...