• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

УГД –Штип воспостави соработка со универзитет од Косово

УГД –Штип воспостави соработка со универзитет од Косово

Штип, 26 Јуни 2018 (МИА) - Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“- Блажо Боев денеска потпиша меморандум за соработка со Хадил Милаку, ректор на Универзитетот „Хаџи Зека“ во Пеќ, Косово.

Милаку појасни дека Универзитетот „Хаџи Зека“ е релативно млада високо образовна институции, под чија закрила се пет факултети на кои се едуцираат вкупно 12.000 студенти. Бараат размена на наставен кадар и на искуство во делот на гастрономијата, бидејќи во Косово ваков факултет нема.

- Како нов млад универзитет почнуваме со докторски студии, а го посетивме и Факултетот за туризам. Оваа година ние ќе отвориме студиска програма за гастрономија, бидејќи на Косово нема таква програма, изјави Милаку.

Ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев нагласи дека во ваквите соработки гледа и можност за заедничка реализација на меѓународни проекти, кои се финансираат преку Ерзмус програмата и Светска банка, а бенефит ќе имаат и студентите и наставниот кадар.вдј/вј/16:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ