• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Автоматско признавање на дипломите во Западен Балкан е се поблиску

Автоматско признавање на дипломите во Западен Балкан е се поблиску

Скопје, 26 јуни 2018 (МИА) - Министрите за образование од земјите на Западен Балкан, меѓу кои и од Македонија, ги поддржаа клучните принципи за автоматско признавање на академските квалификации во регионот, соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС).

Овој прогрес е направен на 7-миот министерски состанок на Платформата за образование и обука, за истражување и иновации, што беше организиран денеска во Брисел под покровителство на Европската комисија.

Станува збор за принципи кои се надградени врз основа на она што претходно го сработија Работната група на РСС и Иницијативата за реформи во образованието на Југоисточна Европа – ERI SEE, за признавање на квалификациите на Западен Балкан, што беше потенцирано и од генералниот секретар на РСС Горан Свилановиќ.

Принципите што беа поддржани од министрите, меѓу кои и од министерот за образование на Република Македонија Арбер Адеми, сочинуваат модел на автоматско признавање на академските квалификации, вклучувајќи транспарентни и фер процедури согласно со Лисабонската конвенција за признавање. сст/дма/18:17

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ