• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Во гимназиите во Дебарско за второто пријавување слободни 472 ученички места

Во гимназиите во Дебарско за второто пријавување слободни 472 ученички места

Дебар, 27 јуни 2018 (МИА) – Во трите средни државни училишта, колку што функционираат во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, за второто пријавување за упис во прва година, за учебната 2018/2019 година има 472 слободни ученички места.

Во најголемото средно училиште во овој регион, гимназијата „Здравко Чочковски“ во Дебар, каде наставата се изведува на македонски и албански наставен јазик, според секретарот на училиштето, Шабан Алајбегу слободни се 304 ученички места.

- Од вкупниот број слободни места за упис, 128 ученички места се за настава на македонски и 176 на албански наставен јазик, од кои 34 или една паралелка градежно-геодетска настава, за која во првото пријавување, за упис, не се пријави ни еден ученик, вели Алајбегу.

Во  гимназијата „Маврово-Ростуше“ во Ростуше, каде наставата се изведува на македонски јазик, во првото пријавување запишани се 32 ученика, што значи дека за вторто пријавување слободни се 70 ученички места.

Спооред директорот Аќиф Селман, во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа, каде наставата се изведува на македонски и турски наставен јазик има 98 слободни места за упис во прва година. Од нив, додава тој,  34 се за паралелката на македонски, каде во првото пријавување не е запишан ни еден ученик и 64 на турски наствен јазик, каде во првото пријавување се запишани четворица ученици. 

Од трите образовни инситуции наведуваат дека и за второто пријавување за гимназиска насока се потребни  минимум 60 додека за градежно геодетска насока 45 поени. Напоменуваат дека за второто, августовско пријавување, како и изминатите години, ќе побараат од Министертвото за образование и наука, намалување на минимумот поени. вт/скс/13:18

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...