• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Отворена изложбата на Меѓународниот институт „Изет Цури“ во Даут пашин амам

Отворена изложбата на Меѓународниот институт „Изет Цури“ во Даут пашин амам

Скопје, 27 јуни 2018 (МИА) - Во Даут пашин амам вечерва беше отворена изложбата на креации од студентите на Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“.

На изложбата присуствуваа и министрите за култура и за образование и наука, Асаф Адеми и Арбер Адеми, вечерва присуствуваа на , што се одржа

- Заштитниците на Цури направиле прекрасни креации, достојни за изложба не само во Скопје, туку и во центарот на модата, Париз, местото каде што секој млад креатор сонува да работи. Република Македонија е земја која изобилува со млади и талентирани луѓе, луѓе кои ја бараат својата можност да го прикажат креативното во нив, лица кои верувам дека ако им се даде можност ќе бидат во првите редови на светските модни куќи, истакна министерот Адеми во своето обраќање.

Арбр Адеми

Тој им порача на студентите да ги искажат своите соништа и страсти преку моделите кои ги дизајнираат, но секој збор, секоја сугестија да ја прифатат добронамерно, бидејќи нивниот „мајстор“ Цури е бренд во светот на модата, име за кое знаат најголемите ѕвезди.

- Вие сте неговите наследници и треба да го оправдате епитетот „ученикот на Цури“. Верувам дека голем дел од Вас, сонуваат да работат за некоја од светските модни куќи, да бидат дел од големите модни недели во Париз, Милано, Рим. Вашиот сон може да се исполни само ако вредно работите, ако сте 100 отсто предадени на она што Ве исполнува и што го правите со огромна љубов. Да се биде успешен не значи дека треба да ја напуштиш татковината, туку да се биде успешен значи да останеш дома кај најблиските, но целиот свет да го спомнува твоето име и да се воодушевува од креациите кои си ги создал, додаде Адеми.

Пред присутните се обрати и министерот за култура.

Асаф Адеми

Изложбата беше организирана во чест на еден од најголемите модни мајстори во 20 век, Азедин Алаја.

Францускиот институт во Скопје, како соработник на Институтот „Изет Цури“, додели три награди за достигнување и успех на студентите во текот на оваа година.

На настанот, освен бројни студенти и професори, присуствуваа и дизајнерот и професор на Меѓународниот институт за мода Изет Цури, амбасадорот на Франција во Македонија Кристиан Тимоние, како и директорот на Францускиот институт во Скопје Емануел Рембер. мч/вј/21:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Се вљубил на прв поглед, му го дала бројот, а потоа му го украле телефонот

Британецот Ден Милингтон на Ибица запознал девојка...

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...