Второ пријавување за упис во средните училишта

 Второ пријавување за упис во средните училишта

Скопје, 28 јуни 2018 (МИА) - Во јавните средни училишта во кои останаа слободни места, денеска ќе се  спроведе второ пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година средно образование во учебната 2018/2019 година. 

По првото пријавување на 18-ти и 19 јуни, Министерството за образование и наука соопшти дека за второто пријавување слободни се вкупно 24 086 места, од кои за гимназиско образование 6 068 и за стручно образование 17 900 места. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени утре.

За второто пријавување училиштата можеа да го намалат утврдениот број минимум поени дадени во Конкурсот најмногу до 10 поени, освен за гимназиско образование, економско-правна и трговска струка и здравствена струка.

На првото пријавување овој месец во прва година средно за 2018/2019 се запишале 11 697 ученици од 17 590 кои конкурираа. 

Како и во минатите години, најголем беше интересот во гимназиите, така што запишувањето ученици, како што информираше МОН, е завршено во скопските гимназии  „Јосип Броз Тито“, „Никола Карев“ ,„Орце Николов“, „Георги Димитров“, „Раде Јовчевски Корчагин“ и во „Јосип Броз Тито“ во Битола, како и за образовни профили од здравствена струка и од економско-правна и трговска струка... 

За учениците од деветто одделение кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, ќе се организира втор уписен рок во август, во училиштата во кои ќе има слободни места по јунскиот рок. Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок ќе биде на 23 август. хс/са/08:26

###

 

 

 

 

 



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...