• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Унпредување на стручното образование за поголем број вработувања

Унпредување на стручното образование за поголем број вработувања

Тетово, 28 јуни 2018 (МИА)  - Унапредување на стручното образование како предуслов за поголем број вработувања има за цел проектот Образование за вработување во Македонија што се одржа денеска во Тетово.

Проектот е поддржан од  швајцарска агенција за развој и соработка, а го спроведуваат Хелветас Македонија, Македонскиот центар за граѓанско образование и Стопанската комора на Македонија.

Според координаторката за економски развој при амбасадата на Швајцарија во Македонија, Анета Дамјановска проектот треба да овозможи младите полесно да доаѓаат до работа по заавршувањето на своето школување. Таа најави дека во активностите ќе бидат вклучени средните стручни училишта, но и центрите за тренинг и обука за да се постигне овие решенија да бидата прифатени во системот на образование.

- Со цел да се одговори на барања на трудот ние сакаме со овој долгорочен проект што треба да трае десеттина години да ги подбриме стручните  вештини кај младите. За таа цел ќе работиме и во сферата на услугите односно здрваството, личните услуги, туризмот и угостителството додека кај производството ќе се насочиме кон машинството, земјоделието и прехрамбената индустрија како гранки што имаат можност за раст а со тоа и отворење на работни места. Во сите области ќе работиме и на подобрување на дигиталните вештини како услов за развој во светот денес, рече Дамјановска.

За раководителот на секторот за јавни дејности во општина Тетово во чија надлежност е и образованието, Ахмет Ќазими ваквите проекти за поголем акцент на средното стручно образование само ја потврдуваат нивната образовна политика во изминатите пет години.

- Во општина Тетово имаме видлива промена од пред пет години кога имавме 60 отсто запишани ученици во гимназиското образование наспроти 40 проценти во средни стручни училишта од вкупниот број новозапишани ученици. Со строгата уписна политика сега овој однос е променет односно над 60 отсто се запишуваат во средните стручни училишта. Ако пред четири години во средното стручно училиште Моша Пијаде се запишале 130 ученици годинава досега таму се запишани 270 ученици, изјави Ќазими.

Во овој правец, рече, е и заложбата дека нема да има намалување на потребниот број поени за запишување во училиштата и во вториот и во третиот уписен рок без разлика на пополнетоста 

На претставувањето на програмата „Образование за вработување во Македонија“ присуствуваа претставници од секторите за образование од повеќе полошки општини, средни стручни училишта, бизнис секторот и невладини организации што работат на полето на образованието. ас/сст/13:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ