• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Мировниот корпус реализира летен камп во училиштето во штипската населба Три Чешми

Мировниот корпус реализира летен камп во училиштето во штипската населба Три Чешми

Штип, 29 јуни 2018 (МИА) - Ученици од подрачното училиште во населбата Три Чешми во Штип учествуваат во летниот камп, кој го организира Мировниот корпус во Македонија.

Директорот на Мировен корпус во Македонија, Марк Ханафин денеска беше во посета на летниот камп, каде што волонтери ги учат учениците на англиски јазик и ги запознаваат низ игра со традициите и обичаите на други земји.

- Многу сме благодарни за придонесот на училиштето, кое е отворено во текот на летните месеци да можат децата да дојдат тука и да имаат активности. Станува збор за една соработка во реализација на камп, а преку годината нашите припадници волонтерски работат и помагат во изучување на англискиот јазик, вели Ханафин.

директор на мировен корпус

Директорот на штипското Општинско осново училиште „Гоце Делчев“, Трајче Димков, вели дека соработката со Мировниот корпус трае повеќе од  10 години.

- Нашата соработка не застанува овде. Ние аплициравме и со проекти, со вредност од околу 6.000 долари, каде учество на училиштето би било околу 1.500 долари, за опремувањето на кабинети по англиски јазик. Тоа се мали грантови преку кои учениците преку одредени мартеријали, надгледни средства треба сами да создаваат и истражуваат. Досега тоа го немаме и се надевам дека тој проект ќе помине, вели Димов.

Летниот камп е почнат од 25 јуни, а завршува денеска. Низ училиштата во земјава има околу 50 волонтери од Мировниот корпус, кои работат и ги учат учениците. вдј/вг/14:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ