• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Студенти од Бугарија ќе престојуваат во Штип

Студенти од Бугарија ќе престојуваат во Штип

Штип, 2 Јули 2018 (МИА) - Градоначалникот на oпштина Штип денеска оствари средба со студенти од универзитетот „Кирил и Методиј“ од Велико Трново во Република Бугарија. Шест студенти од овој Универзитет во наредните два месеца преку програмата Ерзмус плус ќе престојуваат во Штип, а реализацијата на овој проект е резултат на соработката помеѓу Совет на млади на општина Штип и Студентскиот совет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Велико Трново.

Во писменото соопштение од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип се вели дека на овој состанок присуствувале и претседателката на Совет на млади во општина Штип, Викторија Кукушев, директорот на Дом на млади, Горан Трајков и директорката на Центар за социјални работи Штип, Сузана Цветкова.

Договорено е четворица  од студентите да  бидат ангажирани во Дом на млади, а двајца во Центарот за социјални работи-Штип. вдј/сст/13:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ