• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

УКЛО-Битола ги објави конкурсите за втор и трет циклус студии

УКЛО-Битола ги објави конкурсите за втор и трет циклус студии

Битола, 3 јули 2018 (МИА) - Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола ги објави конкурсите за втор и трет циклус студии во наредната академска година.

На високообразовните единици при УКЛО-Битола на втор циклус студии ќе може да се запишат 776 студенти, на специјалистичките стручни студии ќе може да се запишат 235 студенти, додека пак на трет циклус или докторски студии ќе може да се запишат 42 кандидати.

Од УКЛО-Битола информираат дека освен на факултетите, магистерски и докторски студии ќе се организираат и во Научен институт за тутун во Прилеп, кој како членка на УКЛО-Битола на втор циклус студии ќе може да запише 25 кандидати во пет различни студиски програми, додека пак на трет циклус студии може да се запишат 5 кандидати за насоката „Технологија на производство и обработка на тутун и производи од тутун“.

Првиот уписен рок ќе се врши на 10. септември, а вториот на 15. октомври.

М.Т.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ