• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Општина Гази Баба додели два гранта за студенти иноватори

Општина Гази Баба  додели два гранта за студенти иноватори

Скопје, 3 јули 2018 (МИА) - Општина Гази Баба почна да доделува грантови од по 100.000 денари за поттикнување и развивање на иновативноста кај студентите. Грантови добија два проекта - „Иновативен модуларен уред за контрола на наводнување“ на група студенти од Земјоделскиот факултет и „Зелена лична карта на Дендро паркот” од Шумарскиот факултет. 

Јавниот конкурс, кој беше објавен на 12 април, траеше до 4 јуни, а со проекти се пријавиле три факултети на територија на Гази Баба - Факултетот за туризам и бизнис-логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“, Факултетот за земјоделски науки и храна и Шумарскиот факултет. 

Гази Баба грант 2

Иноваторите ќе ги добијат средствата во два дела - половина пред имплементацијата на проектот, а вториот дел  откако ќе биде завршен. Крајниот рок за нивната реализација е 30 октомври оваа година. 

- Гази Баба и понатаму ќе продолжи со поддршка на проекти од сите области. Три стартап фирми веќе ја уживаат нашата потпора. Сакаме да ги мотивираме младите во осмислување и реализација на нивните идеи, за решавање на невработеноста и отворање сопствени компании, како и проекти коишто нудат семејно земјделско стопанство, истакна градоначалникот Борис Георгиевски на презентацијата на идеите, додавајќи дека реализацијата на вакви проекти во иднина значително ќе придонесе за развој на општината. хс/скс/15:35

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...