• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Намален бројот на запишани студенти во академската 2017/2018

Намален бројот на запишани студенти во академската 2017/2018

Скопје, 4 јули 2018 (МИА) - За два процента е намален бројот на запишани студенти во академската 2017/2018 година во споредба со 2016/2017 година.

Податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2017/2018 година се запишале вкупно 56.941 студенти што е намалување во однос на 2016/2017 година.

Поголем е бројот на запишани студентки, односно 55,6 проценти се студентки или 31.669.

Најголем број или 85,7 проценти се запишани на државните високообразовни установи, а 13,9 проценти на приватните факултети.

Во прва година на студии запишани се 15.094 студенти или 26,5 проценти. Тука се опфатени и студентите што по втор, трет и повеќепати запишуваат прва година. бак/скс/15:17

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ