• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Гевгеличанката Викторија Тодорова освои бронза на меѓународен турнир по математика во Бугарија

Гевгеличанката Викторија Тодорова освои бронза на меѓународен турнир по математика во Бугарија

Гевгелија, 6 јули 2018 (МИА) - Викторија Тодорова, ученичка од четврто одделение во ОУ „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија овои бронзен медал на престижниот меѓународен турнир „Математика без граници“ што се одржа во Несебар, Република Бугарија.

Извонредниот успех младата гевгеличанка го постигнала во силна конкуренција на 1.300 учесници од 15 земји меѓу кои и Македонија која годинава по втор учествува во финалето на турнирот на кој ученици од 8 до 18 години се натпреваруваат поделени во девет возрасни групи.

Највисокото признание на турнирот доделено на наставник-странец за мотивациска дејност во областа на математиката и било врачено на Адријана Тодорова, мајка на Викторија, и наставник по математика во ОУ „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија. им/сд/11:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ