Истражување: Околу 500 деца Роми не посетуваат настава во Шуто Оризари

Истражување:  Околу 500 деца Роми не посетуваат настава во Шуто Оризари

Скопје, 10 јули 2018 (МИА) - Вкупно 482 деца Роми не посетуваат настава во двете основни училишта во скопската општина Шуто Оризари, покажуваат резултатите од истражувањето што во периодот мај-јуни годинава го спроведе Асоцијацијата „24 Вакти“ во рамки на проектот „Инклузија преку мобилизација“.

Според истражувањето, најкритичен е периодот од прво до петто одделение, кога најмногу децата Роми го напуштаат образованието. 

- За осипувањето на учениците од основните училишта има неколку причини како што се внатрешните и надворешните миграции, како и социо-економската ситуација кај Ромите, изјави Сали Мемед, координатор на проектот пред почетокот на денешната презентација на резултатите од истражувањето.

сали мемед

Најголем е процентот на 16-годишните деца кои се надвор од образовниот процес, по што следуваат оние со 15 и 14 години. Во дел од анализата направена по повод истражувањето се наведува дека не може да се очекува 14-годишни деца со завршено второ или трето одделение да се вратат во училишните клупи заедно со осумгодишните деца кои редовно посетуваат настава и се трето одделение поради што потребно е да се креираат посебни програми во рамки на редовното образование кои ќе овозможат проодност на овие деца во повисоките одделенија. бак/сд/12:59

###

 

  

   

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...