• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Усвоен нов статут на УКЛО-Битола

Усвоен нов статут на УКЛО-Битола

Битола, 11 јули 2018 (МИА) - Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, го усвои новиот Статут на УКЛО-Битола.

Од УКЛО-Битола информираат дека новиот Статут е усогласен со Законот за високото образование, во соодветна простапка и по е спроведена утврдена процедура.

- Пред денешното усвојување на новиот Статут претходеше зголемената динамика на органите и телата на УКЛО, спроведена јавна расправа на единиците на УКЛО и можност да изнесат предлози и мислења. По завршувањето на оваа фаза Комисијата за нормативна дејност прифати Предлог-Статут на УКЛО, кој потоа беше утврден од Ректорската управа, а сега веќе усвоен и од Сенатот, информираат од УКЛО-Битола.

Статутот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во предвидениот рок ќе биде доставен до Собранието на Република Македонија кое со одлука дава согласност на Статутот.

Според ректорот Сашо Коруновски, усвојувањето на Статутот е особено важно за УКЛО, зашто го дефинира работењето на Универзитетот во сите негови домени и целосно е сообразен со новиот Закон за високото образование, обезбедува вистинска рамка за функционирање на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и се отвораат перспективи за неговиот понатамошен развој. мт/рп/14:17

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...