Штипското училиште „Гоце Делчев“ доби донација од Германската амбасада

Штипското училиште „Гоце Делчев“ доби донација од Германската амбасада

Штип, 13 јули 2018 (МИА) - Основното училиште „Гоце Делчев“ од Штип од септември почнува со кабинетска настава благодарение на донацијата од Германската амбасада.

Директорот на ООУ „Гоце Делчев“-Штип, Трајче Димов на денешната прес-коференција истакна дека станува збор за донација од 5.000 евра, а договорот е потпишан вчера од страна на амбасадорот на Германија, Томас Герберих и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

- Вложивме сопствени средства со кои ги адаптиравме просториите за кабинетска настава и сето тоа не чинеше околу 120.000 денари. Тоа го направивме и се направи увид од страна на Германската амбасада и вчера го потпишавме договорот, истакна Димов.

Со донацијата комплетно ќе бидат опремени шест кабинети за предметна настава, а Димов забележа дека ова штипско училиште е вистинско мултиетничко училиште и како наставен кадар се грижат за едукацијата на учениците без разлика на етничката припадност. вдј/рп/13:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...