• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Кумановското ОУ „Бајрам Шабани“ ќе се приклучи кон гасоводната мрежа

Кумановското ОУ „Бајрам Шабани“ ќе се приклучи кон гасоводната мрежа

Куманово, 16 јули 2018 (МИА) - ЈП „Куманово-гас“ ја проширува градската дистрибуциска мрежа во должина од 600 метри во централното градско подрајче, информираше денеска директорот на претпријатието, Драган Петровски.

Со новата мрежа опфатени се улиците „Карл Маркс“, „Владимир Назор“ и „Вардарска“, така што кон мрежата ќе биде приклучени и основното училиште „Бајрам Шабани“.

Петровски појасни дека делницата ќе се поврзе со постоечката мрежа на улицата „11 Октомври“ која беше поставена изминатите години и каде веќе има корисници меѓу кои и зградата на Општина Куманово.

Куманово гас

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски посочи дека ова училиште е едно од најстарите во градот и дека се очекува гасификација да почне да се применува од почетокот од септември.

- На инсистирање на општината, на гасификацијата на јавните објекти и установи се работи интензивно од аспект на проширување на мрежата, но и поради ззаштита на животната средина, бидејќи гасот е еколошки енергенс. Воедно се штеди на финансии, изјави Димитриевски.

Во Куманово повеќе објекти користат гас за затоплување, неколку основни и средни училишта, градинки, установи, но и станбени згради и домаќинства.

Од претпријатието ги повикаа заинтересираните правни и физички лица од оваа делница да се обратат до претпријатието доколку сакаат да склучат договор за приклучување кон гасоводната мрежа. ам/хс/14:26

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ