УКЛО-Битола зачленет во Универзитетската Франкофонска агенција

УКЛО-Битола зачленет во Универзитетската Франкофонска агенција

Битола, 20 јули 2018 (МИА) - Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола е најновиот член на Универзитетската Франкофонска агенција - АУФ.

Од УКЛО-Битола информираат дека одлуката ја донел управниот одбор на Универзитетската Франкофонска агенција, со што македонскиот универзитет стана член на  АУФ.

- Со ова меѓународно членство, УКЛО-Битола во иднина ќе има пристап до светската мрежа на универзитети членки на АУФ, потоа до високообразовни и научно-истражувачки  установи  и франкофонски истражувачи, а ќе може да учествува и во проекти на АУФ. Исто така, студентите, академскиот и истражувачкиот кадар ќе имаат можност да учествуваат на различните повици и конкурси организирани од АУФ, соопштуваат од УКЛО-Битола.

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, освен членства во агенции, остварува билатерална меѓународна соработка со 62 универзитети, од нив 58 се од држави во Европа, три универзитети се од САД и еден универзитет од Австралија.мт/са/10:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ