• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Студии на Европскиот центар за мир и развој на Универзитетот за мир на ОН

Студии на Европскиот центар за мир и развој на Универзитетот за мир на ОН

Скопје, 25 јули 2018 (МИА) - Студиски програми на меѓународни постдипломски специјалистички, магистерски и докторски студии во различни области во академската 2018/2019 година од октомври во Скопје овозможува Европскиот центар за мир и развој (ECPD - European Center For Peace And Development) на Универзитетот за мир основан од Обединети нации.

Академската година почнува на 28 октомври 2018, а наставата на меѓународните програми ќе ја изведуваат водечки професори и експерти од САД, Јапонија и од повеќе европски земји. 

Студиските програми нудат современи знаења, вештини и искуства, како и диплома на ЕЦПД Универзитетот за мир основан од Обединети нации, меѓународно призната и валидна во сите земји членки на ОН, вклучувајќи ја и Република Македонија.

- Наставата ќе се изведува во Скопје. Програмите се инспирирани од највисоките стандарди на меѓународните достигнувања, академските знаења и искуства, соопшти Европскиот центар за мир и развој  и додава дека ужива целосна академска слобода неопходна за постигнување на своите цели, особено во однос на изборот на предметите и методите на истражување со цел за мир и трансфер на знаењето и развојот. 

ЕЦПД-УНУП

Достапни се постдипломски специјалистички, магистерски и докторски студии за Економска дипломатија, Право на ЕУ и Меѓународно деловно право, Меѓународни финансии и банкарство, Глобална школа во здравството, Националната безбедност, Мировни студии, човекови права и безбедност, Ромолошки студии, Развој на човечки ресурси; Развој на природни ресурси, Социјален и економски развој, Научен и технолошки развој, Одржлив развој, Културен развој, Стратешки, Финансиски, Проектен, Здравствен, Спортски, Урбан и Еколошки менаџмент, Менаџмент во локалната самоуправа и јавниот сектор, Производствен менаџмент и управување со квалитетот, Менаџмент на природни катастрофи и вонредни ситуации, МБА студии, Меѓународна соработка и развој.

Меѓу активностите се и истражувачки проекти и студии значајни за мирот и развојот, научни средби, симпозиуми, конференции, курсеви и семинари, објавување периодични списанија, книги и трудови од научните средби, студии и други научни трудови, придонесува за мир, разбирање, соработка, национално и меѓуетничко помирување, верска толеранција, решавање на конфликтите и безбедноста.

Заинтересираните кандидати за повеќе детали може да се информираат на веб-страниците: www.ecpd.org.rs  и  www.ecpdorg.net, во ЕЦПД Регионален институт за развојни студии на ул. „Наум Наумовски Борче“ 50/2-16, 1000 Скопје, на мејлот: ecpdrirs@t.mk и на телефоните:  02 6090 290 и 071 908 630. хс/ сд/09:31

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...