НСОН реагира дека доцни платата за просветните работници

НСОН реагира дека доцни платата за просветните работници

Скопје, 18 август 2018 (МИА) - Независниот синдикат за образование и наука-НСОН денеска со прес-конференција реагираше дека доцни платата за јули за просветните работници.

Претседателот на Синдикатот Томислав Гиевски од пред зградата на МОН рече дека во образованието не се почитува Законот за работни односи, според кој 15-ти во месецот е крајниот рок да се исплати плата за претходниот месец и се сомнева дека плата ќе добијат и во понеделник на 20-ти. 

Според НСОН, кој беше формиран оваа пролет, со таквото третирање се деградираат просветните работници кои, велат, би требало да се столб во општеството. хс/бак/12:07

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ