• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Две фотоволтаични централи инсталирани на ФЕИТ

Две фотоволтаични централи инсталирани на ФЕИТ

Скопје, 22 август 2018 (МИА) - Две фотоволтаични централи со вкупна моќност од 22 киловата денеска беа пуштени во употреба на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје (ФЕИТ). Едната централа е донација од компанијата „Окта“, а другата е набавена во рамки на ИПА проектот „Подобрување на интеграцијата на складирање енергија во згради со фотоволтаици“ и со средства на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. 

Струјата произведена со фотоволтаичните централи ќе се користи за за потребите на ФЕИТ и на факултетот ќе му донесе годишна заштеда од 3.000 до 3.500 евра.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми истакна дека фотоволтаичните центрaли му овозможуваат на факултетот да има современ енергетски ефикасен објект и да прави максимални заштеди кога е во прашање потрошувачката на електрична енергија.

Според него, фотоволтаичните централи ќе бидат и одлична можност за студентите да се запознаат со начинот на функционирање на овој тип на системи како дел од наставата, да анализираат како генерираат електрична енергија од фотоволтаици и како ја алоцираат со минимални материјални трошоци.

- Овој проект треба да биде пример и поттик и за домаќинствата и бизнис заедницата, односно енергетските оператори затоа што фотоволтаичните централи можат да им послужат и заштедат средства, да ја заштитат животната средина и да се намали загадувањето, рече Адеми. 

Деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски нагласи дека со овие фотоволтаици придонесуваат за заштита на животната средина и за намалување на загадувањето.

Вкупната вредност на проектот за набавка и инсталирање на двете централи изнесува 27.500 евра. мд/са/13:29

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...