• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Во штипските училишта уписи на ученици во прва година

Во штипските училишта уписи на ученици во прва година

Штип, 23 август 2018 (МИА) - Во три штипски средни училишта во тек е уписот на ученици во прва година за учебната 2018-2019 година во августовскиот уписен рок. Најмногу слободни места има во текстилното училиште „Димитар Мирасчиев“, каде што во првиот уписен рок се запишаа над 20 ученици, а потоа и  во гиманизијата „Славчо Стојменски“ и електро-машинскиот училишен центар „Коле Нехтенин“.

- На денешниот уписен рок до 9 часот имаме запишано девет ученици. Во машинската струка имаме 45 слободни места, во електро-техничката струка имаме 59 слободни места, додека во угостителската струка нема слободни места, вели Дејан Павлов, директор на СОУ „Коле Нехтенин“-Штип.

Во штипската гимназија „Славчо Стојменски“ до 11 часот  запишани се 28 ученици, а како што вели Тамер Јамаковски, професор во гимназијата, имаат уште слободни места, кои можат да се пополнат.

Средното медицинско училиште „Јане Сандански“-Штип уписите на ученици во прва година ги заврши уште во првото пријавување на јулскиот уписен рок, каде што најголем интерес имаше за струката медицинска сестра.вдј/лв/14:27

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...