• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Штипските училишта бараат формирање паралелки со помал број ученици

Штипските училишта бараат формирање паралелки со помал број ученици

Штип, 24 Август 2018 (МИА) - Петте основни училишта, но и три средни училишта во Штип од страна на Советот на Општина Штип бараат да формираат паралелки со помал број ученици. Претседателката на Комсијата за образование при Советот на Општина Штип, Слободанка Момчилова на денешната седница вели дека само средното медицинско училиште „Јане Сандански“-Штип нема доставено барање за формирање паралелки со помал број ученици во прва година.

- Неопходно е Советот да донесе одлука да се формираат паралелки со намален број ученици, а најмногу се однесува на руралните, односно подрачните училишта, каде што во секоја генерација има по две, три, а некаде и нема и деца, вели Момчилова.

Во штипските основни училишта досега се запишани  397 првачиња во вкупно петте основни училишта, слободни места за уписи има и во средните училишта.

- Досегашните истражувања покажуваат дека е намален бројот на деца во општината. Покрај тоа што е намален бројот на раѓање на деца, многу е и голем бројот на деца што се иселуваат од општината, така што не можеме ниту да предвидеме, а и да се претпоставува колку деца ќе тргнат во прво одделение, според тоа колку се родиле пред пет години. Но, голем дел од тие деца веќе не се во општината, веќе се иселени и затоа доаѓа до осипување и намалување на бројот на ученици, вели Момчилова.

Сепак основните училишта очекуваат мало зголемување на бројот на запишани првооделенци во текот на септември, бидејќи има родители кои се на сезонска работа, а запишувањето го прават кога си доаѓаат во Штип.вдј/скс/12:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...