• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Нова дограма во основното училиште „Св. Климент Охридски“ - Битола

Нова дограма во основното училиште „Св. Климент Охридски“ - Битола

Битола, 27 август 2018 (МИА) - Битолското основно училиште „Св. Климент Охридски“ учебната година ќе ја почне со нова дограма, а средствата за обнова во износ од над 52 илјади евра ги обезбеди амбасадата на Јапонија во Република Македонија.

Од општина Битола информираат дека со донацијата извршена е целосна реконструкција на дограмата која освен прозорците ја опфаќа и влезната врата во училиштето.

- Со поставувањето на нова дограма се очекуваат подобра енергетска ефикасност во училиштето и заштеди на топлинската енергија во зимскиот период. Реконструкцијата почна кон крајот на месец јуни, информираат од секторот за односи со јавност на општина Битола

Изведувач на проектот е „Столб ДООЕЛ“ Битола, а реконструкцијата се одвиваше под надзор на „Скипи ДООЕЛ“ Битола. мт/сст/14:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ