• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

На УКИМ почнува запишувањето студенти за 2018/2019

На УКИМ почнува запишувањето студенти за 2018/2019

Скопје, 30 август 2018 (МИА) - На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре ќе се спроведе првиот рок за пријавување на кандидатите за запишување во прва година додипломски студии во академската 2018/2019 година. 

Согласно со новиот Закон за високо образование, почетокот на студиската година наместо на 15 септември ќе биде на 1 октомври, како што почнуваше до пред десетина години. 

Според Конкурсот кој УКИМ го објави во јуни, слободни се вкупно 11.661 места, од кои за редовни во државна квота има 5.913, редовни со кофинансирање на студиите 4.573 и за вонредни студенти 1.175 места. Како и во минатите години, цената за редовно студирање е 200 евра, а за кофинансирање на студиите и за вонредни е 400 евра. 

Условите и критериумите за запишување и потребните документи се појаснети во Конкурсот, објавен на веб-страницата: www.ukim.edu.mk.

Вториот рок за упис на УКИМ е на 13-ти и 14 септември, а третиот рок на 24 септември на факултетите на кои ќе има слободни места. хс/сд/07:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...