• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Во општина Дебар десеттина првачиња повеќе

Во општина Дебар десеттина првачиња повеќе

Дебар, 30 септември 2018 (МИА) – Во општина Дебар за новата учебна 2018/2019 година, до денес, запишани се десеттина првачиња повеќе, споредено со минатата учебна година.

Според Решат Ќормемети, одговорен во Секторот за образвание во општината, во трите основни општински училишта, запишани се 200 првачиња.

- Во ООУ „Братство Единство“ во градот, кое е најголемо во општината, запишани се 95 првачиња. Од вкупниот број 71 се за настава на албански наставен јазик, додека 24 на македонски, од нив седум се во подрачното училиште во село Џепиште, изјави Ќормемети.

Во градот функционира и ООУ„Саит Најдени“ каде наставата се изведува само на албански наставен јазик. Во ова училиште,додава Ќормемети, за првпат во ученичка клупа ќе седнат 40 ученици.

И во двете деветолетки во Дебар, посочува Ќормемти, се очекува да се запишат уште десеттина првачиња, пред се од ромска националност, кои со семејствата, откако не добиле азил, во некоја од западно еропските земји, се вратиле во Дебар.

Поголемата бројка на првачиња на ниво на општина се должи на поголемиот број запишани деца во ООУ„Ристе Ристески“ во село Долно Косоврасти.

- До денес во нашето училиште запишани се 65 првачиња, од кои 33 се во подрачното училиште во село Могорче, 20 во подрачното училиште во село Горно Косоврасти и во училиштето во Долно Косоврасти 13 првачиња. Очекуваме бројката да забележи благ пораст поради најавите од дел на родители кои се на работа во странство а одлучиле нивните деца образованието да го следат тука,-вели директорот Шанија Ајроски.

Во оваа општина пред триесеттина години имаше околу 600 првачиња, но нивниот број почна да се намалува поради масовната миграција, пред се во САД, Италија, Германија и Луксембург, како и во други градови во Македонија, најмногу во Охрид, Битола и Скопје. вт/дма/12:24

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ