• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Во Куманово 1.183 првоодделенци, дваесетина повеќе од лани

Во Куманово 1.183 првоодделенци, дваесетина повеќе од лани

Куманово, 30 август 2018 (МИА) - Во новата учебна година во прво одделение во 16-те основните училишта во Куманово, треба да тргнат 1.183 ученици, соопштија денеска надлежните од Секторот за образование од општина Куманово. Оваа бројка на запишани првоодделенци е повисока за 17 ученика повеќе во однос на претходната учебна година. Конечната бројка на запишани ученици во прво одделение, нагласуваат од Секторот ќе се знае на почетокот на учебната година.

- Има одредена бројка на деца кои се запишуваат во септември, бидејќи нивните родители, поради сезонска работа не се во можност да ги запишат навреме, но очекуваме уште дополнителни 20-тина првачиња да тргнат на училиште во сепетември, изјави раководителот на Секторот за образование од општина Куманово,  Жика Крстевски.

Родителите, посочува Крстевски, главно ја почитуваат реонизацијата при упис на учениците во основните училишта, иако, има одреден број кои поради свои причини ги запишуваат децата во други училишта и на овој начин губат одредени законски права, како што е бесплатниот превоз за ученици.

Непочитувањето на реонизацијата особено ги погодува училиштата „Вук Караџиќ“ и „Толи Зордумис“.

Што се однесува до учениците од ромската етничка заедница, конкретно од населбите „Средорек“ и „Бавчи“ се уште се почитува правилото, воспоставено пред дваесетина години да се запишуваат во четири основни училишта „11 Октомври“,„Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ „Христијан Карпош“ со цел да не се сегргираат во едно училиште и полесно да се вклопат во наставно-образовниот процес. аа/дма/14:36

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ