• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Незначително помал број ученици годинава во кумановските средни училишта

Незначително помал број ученици годинава во кумановските средни училишта

Куманово, 31 август 2018 (МИА) - Во петте кумановските средни училишта годинава во прва година ќе тргнат 1.256 ученици што е незначително помалку во однос на минатата година, информираат од Секторот за образование на општина Куманово.

Најголем интерес има за медицинската струка од стручните училишта и за гимназиското образование, а најмал е интересот за текстилната струка.

Во средното училиште „Перо Наков“ годинава во прва година се запишале 141 ученик што е помалку во однос на лани кога биле запишани 192 ученика. Особено намалување на бројот на запишани средношколци во ова училиште има во паралелките каде наставата се одвива на албански јазик.

Незначително помал број ученици годинава се запишале во средното стручно училиште „Наце Буѓони“ - 508 каде лани во прва година тргнале 514 ученици.

- И покрај помалиот број на запишани ученици во средните училишта, ќе се формираат паралелки и ќе ангажира постојаниот кадар, изјави раководителот на Секторот за образование Жика Крстевски.

Во средното стручно училиште „Киро Бурназ“ годинава се запишале 131 ученик што е за седум ученика повеќе во однос на лани, додека во гимназијата „Сами Фрашери“ има тројца ученика повеќе, а во гимназијата „Гоце Делчев“ се запишале 33 ученика повеќе од минатата година. ам/бак/10:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ