Јаневски: Сите училишта во Струмица се подготвени за почеток на учебната година

Јаневски: Сите училишта во Струмица се подготвени за почеток на учебната година

Струмица, 31 август 2018 (МИА) - Сите основни и средни училишта се подготвени за почетокот на новата учебна година, информираше денеска градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Додаде дека во текот на летниот распуст во дел од училиштата каде што имало потреба, се извршени повеќе градежни зафати и санирање на недостатоците, со што се обезбедени солидни услови за изведување на квалитетен воспитно-образовен процес.

Градоначалмикот Јаневски истакна дека годинава е зголемен бројот на првачињата во споредба со лани.

- Радува фактот што оваа година нивниот број е поголем во однос на минатата година. Лани до 31 август 2017 година, во прво одделение во општинските основни училишта биле запишани 499 ученици, а годинава заклучно со 24 август се запишале вкупно 560 ученици, 288 машки и 272 женски. Од нив 461 ученици се запишале во матичните основни училишта, а останатите 99 запишани се во подрачните училишта, рече градоначалникот Јаневски.

Истакна дека и покрај тоа што вкупниот број на запишани првачиња е зголемен во однос на минатата година, во населените места Сачево, Габрово, Дорломбос, Мемешли и Орманли нема запишано ниту еден ученик во прво одделение, а по еден ученик има запишано во Водоча и Попчево.

Градоначалникот Јаневски информираше дека за прв пат од новата учебна година во просториите на Клон 2-Градинка „Парк“, ќе почне да функционира целодневен престој на деца на возраст од 6 до 10 години. Со децата ќе работи едуциран персонал-воспитувачи за одделенска настава, а пријавувањето е во тек.

- Со ова задоволуваме уште едно барање на родителите кои подолго време потенцираа дека во Струмица има потреба од формирање група за целодневен престој, додаде градоначаникот Коста Јаневски.

Инаку, во новата учебна година прв пат во средношколските клупи ќе седнат и 890 ученици запишани во прва година во трите средни општински училишта.рт/са/11:17

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...