• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Во општина Центар Жупа околу 25 отсто помалку првачиња

Во општина Центар Жупа околу 25 отсто помалку првачиња

Дебар, 31 август 2018 (МИА) - Во општина Центар Жупа за новата учебна 2018/2019 година запишани се околу 25 отсто помалку првачиња, во споредба со минатата учебна година.

Во училиштето во Центар Жупа за настава на македонски и во подрачното училиште во село Долгаш, за настава на турски наставен јазик, во прво одделение не е запишан ни еден ученик.

Според податоците од управите на двете основни општински училишта, колку што функционираат во оваа општина, до денеска се запишани вкупно 49 првачиња, што е за 13 првачиња помалку во однос на минатата учебна година.

- Во нашето училиште до денеска се запишани 19 првачиња, од нив девет за настава на македонски јазик. Од кои, осум се запишани во подрачното училиште во село Броштица, а едно прваче во подрачното училиште во село Горенци. Во училиштето во Центар Жупа за настава на македонски јазик во прво одделение не е запишан ни еден ученик, за настава на турски јазик запишани се шест, а за албански наставен јазик четири првачиња, посочи Музафер Сулејаноски, директорот на ООУ„Мустафа Кемал Ататурк“ во Центар Жупа.

Тој додаде дека, очекуваат со почетокот на учебната година бројот на првачиња благо да се зголеми и според најавите да има и запишани деца и за паралелката на македонски насатвен јазик.

Минатата година во ООУ„Мустафа Кемал Ататурк“ имало 32 првачиња.

Во ООУ „Неџати Зекирија“ во село Коџаџик, каде наставата се одвива на турски наставен јазик запишани се 30 првачиња или за едно помалку од минатата учебна година.

Во оваа општина, пред да ја зафати миграцискиот бран, кој жителите ги однесе главно во Италија, Германија и Швајцарија, секоја година имаше и до 400 првачиња.вт/см/ 12:42

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.