Се реконструираат подрачните училишта во Крани и Штрбово

Се реконструираат подрачните училишта во Крани и Штрбово

Ресен, 31 август 2018 (МИА) - Градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски денеска изврши увид во тековните активности за реконструкција на подрачното училиште „Димитар Влахов“ во селото Крани, каде новата учебна година ќе ја почнат 24 ученици.

Училиштето, како што информира градоначалникот, е молерисано, заменет е целиот под со ламинат, извршена е реконструкција на електричната и водоводната мрежа и исчистен е училишниот двор.

Реконструкцијата е извршена со средства од општината, месната заедница и иселениците од ова село.

Градоначалникот упати благодарност до месната заедница, иселениците и директорката на училиштето за финансиската помош и вклученост во реализацијата на овој проект и најави изградба на ново спортско игралиште во училиштето.

училница

Со финансиска поддршка од иселениците и месното население реконструирано е и подрачното училиште во селото Штрбово каде е извршена замена на подот и на дел од вратите и прозорците. Во училиштето ќе учат седум деца.

Според градоначаникот Гошаревски, се е подготвено за почетокот на новата учебна година и во останатите ресенски училишта каде е извршена потребната санација. сс/бак/14:49

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...