• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Кисела Вода ангажира образовни асистенти за работа со ученици со посебни потреби

Кисела Вода ангажира образовни асистенти за работа со ученици со посебни потреби

Скопје, 31 август 2018 (МИА) - Општина Кисела Вода ангажира образовни асистенти во основните училишта по општинска надлежност за работа со ученици со посебни образовни потреби.

Договорите со избраните асистенти ги потпиша градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски.  

Како што соопштија денеска од оттаму, општината претходно објави јавен оглас за времено вработување  на десет образовни асистенти со завршено високо образование-профил дипломиран дефектолог, педагог, психолог, одделенски наставник, предметен наставник, во основните училишта кои се под нејзина надлежност. 

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаа сите невработени лица, при што предност имаа лицата кои за прв пат се пријавија за учество во Програмата.

Проектот  „Се грижиме и ги воспитуваме најмладите” општина Кисела Вода го реализира врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ. Овој проект локалната самоуправа успешно го реализира четврта година по ред. сст/сд/15:58

###

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...