• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Прилепските училишта подготвени за новата учебна година

Прилепските училишта подготвени за новата учебна година

Прилеп, 31 август 2018 (МИА) - Прилепските основни и средни училишта се подготвени за новата учебна 2018/19 година, констатираа на денешниот заеднички состанок директорите на 11-те основни и на петте прилепски средни училишта со градоначалникот Илија Јованоски.

В понеделник, на 3 септември, новата учебна година ќе ја започнат 5. 510 основци и средношколци од кои 715 првачиња.

Општа е оцената дека училиштата се подготвени за првиот училишен час. Во поголем дел од нив, во текот на летото се вршеа реконструкции на училниците, тоалетите, покривите, се менуваше дограмата и се уредуваа училишните дворови за учениците и наставниците да имаат подобри услови за изведување на наставата, информираат од локалната самоуправа.ем/скс/16:30

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ