Почнува учебната година за основците и средношколците

Почнува учебната година за основците и средношколците

Скопје, 3 септември 2018 (МИА) - За околу 270.000 средношколци и основци, од кои околу 20.000 првачиња, денеска почнува новата учебна година.

Според претходните најави од Министерството за образование и наука (МОН) се очекува учебната 2018/2019 година да почне со ревидираните наставни планови за прво, второ и трето одделение. За првачињата се предлага намалување на бројот на предмети, најмногу четири наставни часа во денот, повеќе одмор и игри, вежбање на часовите наместо домашни задачи и редуцирање на тестовите.

Првачиња

МОН за новата учебна година ќе достави 22 коригирани учебника низ училиштата. Првпат од оваа учебна година сите учебници што МОН ги обезбедува бесплатно за учениците ќе можат да се најдат во слободна продажба со истата цена по која ги откупува Министерството.

МОН најави и дека сите ученици од прво, второ и трето одделение ќе имаат нови комплети учебници секоја учебна година.

Новата учебна година почнува и со повисоки плати за вработените во основното и во средното образование. Зголемувањето изнесува пет отсто, а ќе почнат да го добиваат со исплатата на септемвриската плата.вј/са/07:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...

Тренерот на Баерн им порача на фудбалерите да не одат сами на „Октоберфест“

Од овој викенд Баварија повторно живее во знакот н...