Промоција на „Индексот на безбедност“ и истражување за безбедносните предизвици

Промоција на „Индексот на безбедност“ и истражување за безбедносните предизвици

Скопје, 3 септември 2018 (МИА) - Факултетот за безбедност-Скопје и Фондацијата „Конрад Аденауер“ денеска ќе го промовираат „Индексот на безбедност“ и најновите резултати од истражувањето за безбедносните предизвици на Република Македонија.

На прес конференцијата покрај авторите проф. д-р Цане Мојански и доц. д-р Марјан Ѓуровски ќе говорат проф. д-р Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност-Скопје, проф. д-р Неџат Корајлиќ, декан на Факултетот за безбедност од државниот универзитет од Сараево и проф. д-р Томе Батковски во улога на рецензенти на монографијата и истражувањето.

Индексот е инструмент за проценка на нивото на безбедност во Република Македонија каде ќе се презентираат добиените индекси на воената, регионалната, економската, политичката, еколошката, личната, државната, социеталната безбедност и индексот на добро владеење.

Индексот е наменет за самопроценка, планирање, следење и потикнување на активности за подобрување и зголемување на нивото на безбедност и да помогне да се разбере и да се унапреди концептот на безбедносната проценка.

Промоцијата е во рамки на одбележувањето на „Месец на науката за безбедност“ што ќе биде реализиран преку серија јавни настани во септември и октомври. 

Целта на „Месецот за науката за безбедноста” е промовирање на науката, размена на истражувачки сознанија меѓу истражувачите од домашната и меѓународната академската заедница, анимирање и покревање на нивото на информираност на пошироката јавност и сите засегнати страни и нивно активно вклучување, со посебен акцент на вклучување на студентската популација од втор и трет циклус на студии. са/сд/08:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...