Почна учебната година во Кочани за над 4.000 ученици

Почна учебната година во Кочани за над 4.000 ученици

Кочани, 03. септември 2018 (МИА) - За 2.755 ученици од основно образование во Кочани започна новата учебна 2018/19 година. Во петте основни училишта годинава во 20 паралелки се запишани вкупно 310 првчиња, што е за 27 повеќе од минатата година.

Средното образование во прва година го започнаа 262 ученика во двете средни училишта - гимназијата „Љупчо Сантов“ и техничкото „Гошо Викентиев“, каде ќе учат вкупно 1.334 ученици.


Оваа учебна година во Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ настава ќе посетуваат 142 ученика, од кои 15 се во прво одделение.

Успешен почеток во новата учебна година на учениците што го започнуваат средното образование во СОУ „Љупчо Сантов“ им посака и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.


– Образованието е најважниот столб во општествениот систем. Затоа сите кон своите обврски и задолженија да пристапат свесно и одговорно, за да си обезбедиме и себе и на идните генерации подобра иднина и поубав живот, порача Илијев.


Намалувањето на наталитетот и засилената миграција на населението се една од главните причини за намалувањето на бројот на учениците, што го доведува во прашање работењето на неколку подрачни училишта во Кочанско.та/скс/09:47

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...