• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Општина Делчево додели училишен прибор за сите првачиња

Општина Делчево додели училишен прибор за сите првачиња

Делчево, 3 септември 2018 (МИА) - Во Делчево со пригодна свеченост почна новата учебна година за вкупно 1.518 ученици кои се распоредени во две деветолетки и средното општинско училиште „Методи Митевски Брицо“.

Училишниот ден беше најрадосен за вкупно 111 првачиња кои за прв пат седнуваат во училишните клупи. За нив Општина Делчево додели скромни подароци кои се состоеја од училишен прибор.

Градоначалникот на општината Горан Трајковски, кој ги посети сите три воспитно-образовни установи, на сите ученици им успешен старт во новата учебна година

-Овој денешен ден е празник за сите првачиња, но и за сите родители и за сите нас воопшто заедно, затоа што една нова генерација ученици запловува во образовниот процес. Верувам дека од сите овие првачиња ќе излезат образовани граѓани кои треба да ја понесат иднината на нашиот град, рече Трајковски.

Предизвикот наречен знаење е една од најважните инвестиции во вашиот живот, истакна директорот Горан Велков во своето обраќање до сите првачиња кои го почнуваат образовниот процес во деветолетката „Ванчо Прке“.

- Образованието е најважната инвестиција во вашиот живот, а ние заедно со вашите родители ќе бидеме ваша поткрепа во вашите понатамошни успеси, рече Велков.

Првиот училишен ден во делчевската гимназија „Методи Митевски - Брицо“ за прв пат по подолго време почна со зголемен број на ученици кои се запишаа во прва година гимназија.

- Во оваа година бројот на учениците во прва година гимназија се зголемува за 12 ученици повеќе. Тоа значи дека сепак ќе имаме еден позитивен тренд се поголем број ученици да остануваат овде и во Делчево да го продолжат своето образование, рече директорот на делчевската гимназија, Љупчо Прачковски.

Во средното општинско училиште во Делчево учебната година ја почнаа 360 ученици. вс/рп/10:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ