• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Стартуваше учебната година во штипските училишта

Стартуваше учебната година во штипските училишта

Штип, 3 септември 2018 (МИА) - Во сите основни и средни училишта во Штип денеска почна новата учебна година.

Според најновите податоци од Одделението за образование во Општина Штип, во прво одделение се запишани 409 првачиња. Надлежните забележуваат дека во моментов имаат благ пад на бројот на првачињата споредено со минатите години, односно запишани се помалку од 40 до 50 првачиња, но ќе се чека крајот на септември кога ќе се утврди и точниот број на првоодделенци во училиштата, бидејќи има родители, кои своите деца го водат со себе и на плантажите, каде што работат како сезонски работници.

Во Општинското основно училиште „Тошо Арсов“-Штип денеска имаше свечен прием на учениците.

- Вкупно запишани ученици во прво одделение се 74, од кои осум се во подрачното училиште во населба Македонка. Првачињата се распределени во три паралелки и им посакувам среќен почеток, вели Фросина Маџарова директор на ООУ „Тошо Арсов“-Штип.

Во петте штипски основни училишта од денеска со настава почнаа околу 4.000 ученици, а во средните училишта бројката се движи до 2.400 средношколци. вдј/рп/14:06

###



 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ