• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ од општина Кисела Вода ќе добие нова енергетски ефикасна фасада

ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ од општина Кисела Вода ќе добие нова енергетски ефикасна фасада

Скопје, 3 септември 2018 (МИА) – Нова енергетски ефикасна фасада ќе добие основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во општината Кисела Вода во Скопје. Со новата фасада ќе се обнови целосно изгледот на училиштето и ќе се овозможи заштедa на енергија од околу 30 отсто, од досегашните трошоци за оваа намена.

Донацијата во износ од пет милиони денари за новата фасада ја обезбедува Цементарница УСЈЕ АД Скопје, во соработка со општината Кисела Вода.

- Нашата компанија има стратешка определба да го поддржува образованието и да помага во подобрување на образовните процеси во локалната заедница. Ние активно и секојдневно сме вклучени преку различни проекти во училиштата од Кисела Вода и искрено се надевам дека успеавме да дадеме свој придонес во унапредување на условите во нив. Оттука овој проект што сега го почнуваме за обнова на фасадата е јасен показател за нашата долготрајна определба да бидеме нераскинлив дел од локалната заедница, истакна на потпишувањето на договорот за реализација на донацијата главниот извршен директор на УСЈЕ Борис Хрисафов.

Проектот „Партнерство со училиштата“ почна да се реализира од 2010 година за поддршка на државните училишта во општината Кисела Вода. Целта на проектот е подобрување на безбедноста и здравјето и еколошките услови во нив. Со активностите во рамките на овој проект опфатени се осум основни училишта, едно училиште за деца со посебни потреби и две градинки лоцирани во четири различни објекти со 6650 деца и 671 вработени, на територијата на општината Кисела Вода.скс/сд/14:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ