Во руралното училиште „Страшо Пинџур“ во Прилеп настава почнаа 155 основци

Во руралното училиште „Страшо Пинџур“ во Прилеп настава почнаа 155 основци

Прилеп, 3 септември 2018 (МИА) - Новата учебна година за 155 основци, од кои 14 првачиња, во руралното основно училиште „Страшо Пинџур“ во селото Мало Коњари во Прилеп, почна во реновираните простории. Во ова училиште се запишани и децата од соседните села  Големо Коњари и Кадино Село.

Како што информираат од училиштето, променет е подот во целата училишна зграда првпат по 11 години. Училиштето е варосано, променет е дел од инвентарот, а се вложуваат напори да се реновира и спортската сала. Од приелпската општинска каса се оддвоени 1,2 милиона денари за подобрување на хигиено-техничките услови за одржување на наставата.

Директорката Ирена Кироска најавува потенцијална можност за изградба на нова монтажна спортска сала што ќе ги задоволува потребите не само на учениците, туку и на жителите со спортски дух од околните населени места.

На првиот училишен час присуствуваше и прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, посакувајќи им среќна нова учебна година на сите ученици.

- Општина Прилеп во соработката со Министерството за образование и наука ќе го продолжи процесот на опремување на училиштата и обезбедување оптимални услови за одржување настава. Примената на европските стандарди во образовниот процес е наш императив како општество. Затоа  ќе се интензивираат проектите за имплементација на евростандардите во образованието и нашите заложби како Општина, да ги подобриме условите за одржување квалитетна настава и хигиена на потребното ниво, рече Јованоски.

Во попладневната смена во ова училиште ќе учат 14 првачиња. ем/мч/16:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...