• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Во Прилеп успешен стар на учебната година за 9.970 ученици

Во Прилеп успешен стар на учебната година за 9.970 ученици

Прилеп, 3 септември 2018 (МИА) - Во Прилеп денеска успешно започна новата учебна 2018/19 година за 9.970 основци и средношколци, од 11-те основни и петте средни училишта. Од нив 715 се првачиња. Прилепските локални власти нагласуваат дека се е подготвено за почетокот на новата учебна година.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, присуствуваше на првиот училишен час во основното училиште „Климент Охридски“, каде се и паралелките на децата со посебни потреби.

Посакувајќи им среќен почеток на новата учебна година, пред наставниците, учениците и нивните родители, Јованоски истакна дека учењето и стекнувањето нови знаења е единствената виза за убавата професионална иднина на младите генерации.

- Сите ние треба да сфатиме дека сите деца се исти, колку и да се различни, дел од нив нетипични во својот развој. Сите исто чувствуваат, исто сакаат, на исти нешта се радуваат и подеднакво тагуваат. Од тој аспект, како градоначалник, но и како родител, токму денеска на првиот училиштен ден, апелирам  до сите наставници, професори, педагози, директори, подадете им рака и еднакво грижете се, образувајте ги и воспитувајте ги сите ученици! Секој ученик е еднакво важен за нашето општество. Различноста не ги прави, едните од другите помалку вредни, изјави Јованоски.   

Според Зоран Сребреноски, директор на основното училиште „Климент Охридски“, во текот на летните месеци во училиштето биле преземени повеќе реконструкциски зафати и првиот училишен ден го пречекуваат комплетно подготвени.

- Варосавме поголем дел од училниците, променивме дел од електричната инсталација, опремивме неколку училници со нови нагледни средства. Конкретно, набавивме десет смарт-телевизори кои ќе ги заменат компјутерите кои не фунционираат. Оваа година во нашето училиште ќе имаме околу 100 првоодделенци, за разлика од минатата година кога тој број беше помал за 20 ученици, изјави Сребреноски. ем/аа/16:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...