Во Средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“ во Велес има се уште слободни места

Во Средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“ во Велес  има  се уште  слободни места

Велес, 5 септември 2018 (МИА) - Во средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“ во Велес има слободни 20-тина места.

-Во новата учебна година  имаме се уште слободни места бидејќи во Велес се укина спортската паралелка во Гимназијата ,а и во соседните општини се отворија медицински училишта, поради што имаме мало намалување на бројот на ученици, информира директорот Марјанчо Јорданов.

Тој  ги повикува сите заинтересирани ученици од други општини кои учат во велешките средни училишта, а немаат се уште сместување да поднесат пријава до управата на домот.

Пестојот и храната  во домот е бесплатно за сите ученици и е на терет на Министерството за образование и наука.

Инаку ОУД „Лазар Лазаревски„  кој е  изграден во  1962 години и има капацитет од 220 легла во женски и машки соби, во изминатите години беше  реновиран, доградуван и прошируван. Освен спалните соби, располага и со неколку уредени занимални за учење, библиотека, а има и  средена трпезарија каде учениците добиваат три топли оброци дневно.ад/скс/12:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...