• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Пето место за студенти од штипскиот Економски факултет на меѓународниот натпревар „Rotman International trading“

Пето место за студенти од штипскиот Економски факултет на меѓународниот натпревар „Rotman International trading“

15:05

###

Штип, 5 Септември 2018 (МИА) - Четворица студенти од Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) -Штип го освоија петтото место на натпреварот за тргување на берзи „Rotman International trading“, кој се одржа во Италија кон крајот на месец август.

Студентите и нивната менторка денеска остварија средба со ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев.

Менторката Елена Весилнова вели дека идејата на овој престижен европски натпревар е да се тестираат потенцијалите на студентите, колку можат во симулирана ситуација на тргување, која што во целост ги имплементира реалните услови на тргување на светските берзи, да ги демонстрираат своите знаења.

- Нашиот постигнат резултат со овие исклучителни луѓе ни најмалку не е случаен, бидејќи се должи на напорна подготовка, исклучителна посветеност и на квалитети како индивидуи кои што беа мултиплицирани со нивниот тимски дух, вели Веселинова.

Деканот на Економскиот факултет, Трајко Мицевски забележа дека ова е доказ дека на штипскиот универзитет студираат студентите, кои веднаш можат да одговорат на потребите на стопанството, а високиот резултат за нив е голема сатисфакција, бидејќи станува збор за натпревар во кој учествуваат студентите од 40 европски универзитети.

-Зад нас остана многу факултети и Универзитети кои се на Шангајската листа, со тоа ние докажавме дека нашите студенти имаат јаки вредности со знаење и способности, култура и однесување, вели Мицевски.

Боев рече дека како Универзитет е особено важно студентите да учествуваат на вакви меѓународни натпревари, а како високообразовна институција и понатаму ќе ги поддржуваат студентите од сите факултети, кои сакаат да учествуваат на вакви натпревари на кои се покажува стекнатото знаење. вдј/см/

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.