Стефан Ефремов од Штип освои награда на натпреварот по микрокомпјутерски системи

Стефан Ефремов од Штип освои награда на натпреварот по микрокомпјутерски системи

Штип, 6 септември 2018 (МИА) - Стефан Ефремов ученик во средното електро-машинско училиште СОУ „Коле Нехтенин“-Штип го освои третото место на натпреварот по микрокомпјутерски системи на Факултетот за информатика во Скопје.

Ефремов на денешната прес-конференција информира дека учествувал на натпреварот со 60 студентите од факултетите за информатика.

- Мојот труд беше да се испрограмира хардвер, што заедно со студентка од факултетот успеавме да го програмираме и да го освоиме третото место, рече Ефремов.  

Тој е четврта година и како што вели за него оваа награда значи и голема иднина, а е и голем успех на училиштето во кое ги стекнал знаењета.

Директорот на СОУ “Коле Нехтенин“-Штип, Дејан Павлов истакна дека и во иднина ќе ги поддржуваат своите ученици да учествуваат на вакви натревари.

- Со оглед на тоа дека добиената награда е во голема конкуренција, пред се во конкуренција на студенти, ова за нашето училиште е еден голем успех и ги повикувам сите идни ученици во ова училиште да учат, да постигнуваат резултати и да нашето училиште го добие и приматот на она што го заслужува дека е водечко техничко училиште во регионот, вели Павлов.

Според него ваквите натпревари покажуваат и какво знаење им даваат наставниците од електро-машинската струга на средношколците. вдј/цр/14:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...