Гимназијата во Делчево организираше еднодневен камп на Голак

Гимназијата во Делчево организираше еднодневен камп на Голак

Делчево, 6 септември 2018 (МИА)
Во рамки на наставната програма за подобро запознавање на учениците со класните раководители преку еднодневна работна активност денес со учениците во прва година од гимназијата „Методи Митевски-Брицо“ се одржаа часови во природа. Активноста се реализираше на планината Голак и како што истакна директорот Љупчо Прачковски за прв пат се организира ваков настан по теркот на училишта од Европската Унија.
 
- Со влегувањето на учениците во прва година во нашето училиште главна цел преку ваквата викенд-програма е да им се овозможи на учениците подобро да се запознааат со своите класни раководители, со програмата на училиштето, а со тоа самите полесно и поедноставно да ја осознаат средината во која ќе престојуваат следните четири години. На овој вид камп се предвидува учениците и наставниците да не носат мобилни телефони, рече Прачковски.
 
Дел од кампот беше и делчевскиот градоначалникот Горан Трајковски кој поддржувајки ја активноста истакна дека преку доделување средства за најдобрите ученици општината ќе продолжи да го поддржува личниот развој на секој ученик
 
- Општина Делчево секоја година одвојува средства за стипендии за одлични ученици, одвојува средства за парични награди за освоени први места на државни и меѓународни натпревари. Ова го реализираме со цел да ги поттикнеме учениците целосно да се вложат во образовниот процес, бидејќи знаењето е единствената формула која ширум ги отвора вратите на иднината на секој млад човек. Моите заложби како градоначалник се на нашите млади да им дадеме еднакви можности за образование, работа и личен развој, како што имаат нивните врсници ширум Европа, истакна Трајковски.
 
Тој ги повика учениците и професорите да работат на проекти преку семејството на Еразмус плус програмата.
 
-Над 4 милиони млади луѓе од Европа, меѓу кои и младите од Македонија, имаат можност за академска мобилност, стекнување вештини, спорт, обуки, учење за различните култури и градење на заеднички европски вредности. Еразмус плус вложува над 14 милијарди евра во стручно и занаетско образование, како и образование и дообразување на младите во кој било дел од Европа, порача Трајковски.
 
Во рамки на денешниот еднодневен камп, учениците заедно со класните раководители и членови од Советот на родители во соработка со професионални планинари од ПСК „Голак“ реализираа планинарење до манастирот „Св. Пантелејмон“, во должина од 5 км . Исто така беше организирано и предавање од областа на планинарењето, а беа реализирани и спортски натпревари како и часови по ликовно воспитување. вс/сст/16:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...