• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Училишта во Велес чекаат согласности од МОН за прием на професори

Училишта во Велес чекаат согласности од МОН  за прием на професори

Велес, 7 септември 2018 (МИА)  -  Во некои од велешките  училишта   недостасуваат  професори по некои наставни предмети, поради што учениците губат настава.

На синоќешните први родителски средби во некои од велешките училишта, родителите реагираа поради немање професори по одделни предмети, поради што учениците се уште намаат настава  по математика, биологија, етика...

Во Општина Велес појаснуваат дека причината  за тоа е чекање за добивање согласности од МОН  за вработување на професори по повеќе предмети.

- Според најавите од Министерството за образование и наука, очекуваме најдоцна идната недела училиштата  да ги добијат согласностите за вработување на професори  каде што недостасуваат, појаснува Јадранка Стефкова од Општина Велес.ад/скс/14:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ