• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Средното техничко училиште во Гостивар доби 60.000 евра за унапредување на практичната настава

Средното техничко училиште во Гостивар доби 60.000 евра за унапредување на практичната настава

Гостивар, 7 септември 2018 (МИА) - Средното техничко училиште во Гостивар со три проекти ќе ја унапредува наставата и условите за практична настава со грантови во вредност од 60 илјади евра. Средствата се обезбедени од Министерството за образование и наука и од компанијата ЕВН.

Едниот проект предвидува изработка на производи од метал кои на пазарот ќе се продаваат преку реална компанија за што се добиени 30 илјади евра.

- Со овој грант средношколците од машинските струки ќе учат преку работа во самото училиште. Предвидено е отворање на реална компанијата која ќе се вика Мегаметал 2018 и ќе произведува предмети од метал како корпи за отпад, украси, клупи, огради, и други работи од материјали кои може да се рециклираат. Кабинетот на компанијата ќе биде опремен со најсовремена технологија CNC машини за обработка на метали, вели професорот Екрем Мифтари, координатор на проектите.

Со останатите два проекта, учениците ќе работат на усовршување на таканаречените „меки вештини" за работа со клиенти, маркетингот и односот кон пазарот на труд. Во соработка со ЕВН Македонија, училиштетото ќе добие опрема за кабинетот во кој знаење стекнуваат средношколците од електромонтерска и инсталатерска струка.

Директорот на училиштето Ибраим Асани искажа задоволство од сработеното и нагласи дека со овие грантови ќе се подигне нивото на практична настава како за учениците така и за наставниците, а очекува и финасиски придобивки за училиштето.згм/лв/15:56

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ