• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Камбовски: Договорот од Преспа оптимално решение

Камбовски: Договорот од Преспа оптимално решение

Скопје, 10 септември 2018 (МИА) - Договорот од Преспа е оптимално решение што Македонија можеше да го постигне за решение на спорот за името, смета академикот Владо Камбовски,  кој денеска заедно со академикот Владо Поповски и Нано Ружин одржа средба со новинарите посветена токму на овој договор.

На иста линија со Камбовски е и академикот Поповски, кој вели дека „не можеше да има подобар договор“ и оти е илузија доколку некој каже дека би склучил подобар договор од овој.

Камбовски кажа дека ова не е официјален став на МАНУ, туку дека ова се некои научни погледи на академици од Центарот за стратегиски истражувања на Академијата.

Утрешната научна расправа на тема „Спогодбата од Преспа: меѓународно значење и импликации врз евроатлантските интеграции на Република Македонија“ се организира како одговор на потребата од научна и стручна анализа на спогодбата од Преспа и на општествениот, политичкиот и медиумскиот контекст во кој таа е склучена. Ќе учествуваат повеќе членови на МАНУ, еминентни научници, претставници на власта и на акредитираните дипломатски мисии во земјата. ев/дма/11:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ